Тел. : +389 70 453 573

За нас

Значење на поимот ТРАНЗЕН: Транзенот е украсна решетка за прозорец. Низ релјефот на транзенот навлегува светлината во внатрешноста на градбата.Транзенот има улога естетски да ја украси надворешноста на фасадата,внатрешноста да ја осветли на мистичен начин,и да го заштити прозорецот-окото на архитектурата.Најчеста е примената во сакралните објекти.Контактот на внатрешната декорација со светлото кое таинствено навлегува низ отворите на транзенот е голема тајна во православните манастири.Транзенот е симбол на заштитата на внатрешната светлина.

Мисијата на организацијата е да придонесе во демократизацијата и децентрализацијата на културата во државата преку обезбедување на културна програма и развој на културните политики на локално и национално ниво.