Тел. : +389 70 453 573

Поголема транспаретност, поголема доверба

  • May 1, 2020 at 12:00 am
  • Open

Цел на проектот: Да се зголеми транспаретноста и отчетноста на организацијата преку јакнење на
внатрешните капацитети на организацијата за развивање на алатки за подобро информирање во
јавноста.

Времетраење на проектот: 6 месеци, поточно од 01.05.2020 до 01.11.2020
Локација: Струмица

Краткорочни резултати:
Р.1. Редизајнирана постоечка веб-страна на организацијата;
Р.2.Спроведено истражување за самопроценка на организацијата преку вклучување на
конституентите во донесувањето на одлуки на организацијата;
Р.3. Организирани четири обуки за јакнење на капацитетите на организацијата за зголемена
транспаретност и отчетност, подобрување на нејзините внатрешни системи и процедури за
известување и користење на он-лине алатки за подобрување на транспаретност и отчетноста на
организацијата.
Долгорочни резултати:
Р.1.Зголемена видливост, препознатливост и транспаретност на организацијата;
Р.2. Зголемена комуникација помеѓу организацијата и нејзините конституенти и нивно
понатамошно вклучување во донесувањето на одлуки во организацијата;
Р.3. Зајакнати капацитети на организацијата за транспаретност и отчетност и подобрени нејзните
внатрешни системи и процедури за известување и користење на он-лине алатки за подобрување
на транспаретноста и отчетноста на организацијата.
Планирани активности (А)
А.1.1. Редизајнирање на постоечката веб-страна на организацијата преку промена на целосниот
дизајн на веб –страната и поставување на нови категории и алатки со можност за прикачување на
публикации и извештаи
А.2.1.Спроведување на истражување за самопроценка на организацијата преку вклучување на
конституентите во донесувањето на одлуки на организацијата
А.3.1.Организирање на дводневна обука за јакнење на капацитетите за зголемена
транспарентност и отчетност на организацијата и подобрување на нејзините внатрешни системи и
процедури за известување;

А.3.2.Организирање на дводневна обука за користење на он-лине алатки за подобрување на
транспаретноста на организацијата
Со овој проект на организацијата ќе и се овозможи да ги зајакне своите капацитети во однос на
транспаретноста и отчетноста кон јавноста и своите внатрешни системи и процедури за
известување. Исто така преку редизајнирање на веб-страната и преку развивање на разни он-лине
алатки за отчетност и транспаретност ќе се зголеми видливоста и препознатливоста на
организацијата во јавноста, а тоа ќе придонесе кон подобрување на севкупното работење на
организацијата. Со овој проект ќе и се овозможи на организацијата полесно да биде препознаена
и од своите констиуенти и од донаторите и бизнис секторот од една страна, додека од друга
страна ќе го зголемиме нашето влијание во јавноста за делување во контекст на промена на
јавните културни политики.

Share it on