Тел. : +389 70 453 573

Откупна награда за уметникот Владимир Илиевски на тема „Автопортрет во самоизолација“

  • July 22, 2020 at 12:00 am
  • Completed
Facebook

На третата изложба „Несовршен простор“, на која темата е „Автопортретот во самоизолација“, откупната награда ја добива ликовниот уметник Владимир Илиевски со делото „Автопортрет со був“, соопштија од Здружението за култура „Транзен“ од Струмица. Наградата како и секоја година е симболична статуетка „Златен лист“ во чест на професорот Владимир Георгиевски и парична, во износ од 30 000 денари.

Жирито и селектор на овогодинешната изложба е ликовниот уметник Урош Велковиќ. Во резимето, за награденото дело Велковиќ запиша:

„Првично, гледајќи ги сите дела, знаев дека ова ќе биде тежок избор за мене лично, затоа што технички и идејно сите дела беа на високо ниво. Но, по основ на тоа дека се бараше приказната од самоизолацијата, знаев дека делото не треба да биде обичен авто-портрет, или селфи во класична смисла на зборот. Пронајдов приказна во неколку од делата. Најсилна приказна за мене (а и секако технички супериорно издржано дело) беше „Автопортретот со був“ на  Владимир Илиевски. Делото привлекува да се гледа и анализира. Симболиката во делото на Илиевски е фасцинантна. Авторот држи був во рацете, кое е ноќно животно, симбол кој ми укажува на многу неспиени ноќи низ карантинските денови во изолација, и секако работа и посветеност врз себеси. Во тие тивки вечери, се случува вистинскиот и суштински момент кај уметникот, проследено со задоволства и фрустрации од завршените или незавршени дела“.

Изложбата ќе биде отворена на 22 јули во Струмица во култниот клуб „Нагоре“. На неа ќе бидат претставени шеснаесет автопортрети од шеснаесет автори. 

Проектот е финансиски помогнат од годишната програма на  Министерството за култура

Share it on