Проектот „ Примената на византиската орнаментика во модниот дизајн “ има за цел да се осврне на еден подзаборавен ликовен детал на византиската орнаментика, длабоко вграден во црковнославјанската традиција, застапен во скоро сите црковни објекти ширум земјата и возобновување на истата преку примена во модниот дизајн.

Краткорочна цел на проектот е
– наоѓање на поширока примена на византиската црковна флорална орнаментика која се наоѓа како украсен детал на рамките од ѕидните фрески и црковни иконостаси
Долгорочен резултат од овој проект е
– возобновување на византиската орнаментика со употреба на современ пристап и нејзина примена.
Проектот финансикси е поддржан преку конкурсот за развој на креативни индустрии на Министерството за Култура на Р.Македонија.