На 11 Септември во просториите на „Студио 38“ на улица Пере Тошев бр.2 со почеток во 20.30 ч се одржа изложбата на Столе Ангелов еден од урбаните фотографи во градот Струмица. Столе Ангелов е роден и живее во Струмица. Сопруг на Билјана и татко на Давид. Фотографијата го фасцинира од најраните детски денови, а првата посериозна дружба со фотоапаратот ја започнува за време на студентските денови во прекрасниот Охрид. Оттогаш фотографијата е нераскинлив дел од неговиот живот. Има учествувано на повеќе групни и една самостојна изложба. Денес професионално се занимава со фотографија и е ко-основач на „Студио 38“. Целта на оваа активност е да се мапираат и промовираат нови урбани и културни точки во градот Струмица
Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 11-17 септември 2017 низ Република Македонија.