Тел. : +389 70 453 573

Развој на креативна економија во општина Струмица

  • April 19, 2018 at 9:17 pm
  • Completed

Проектот „Развој на креативната економија во општина Струмица“, е грантиран и се имплементира во рамките на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Преда Плус и Arbeiter-Samariter-Bund. 

Проектот „ Развој на креативната економија во општина Струмица“ има за цел да поттикне дијалог меѓу институционални и вон-институционални локални актери и да придонесе кон развој на подинамично граѓанско општество кое активно учествува во јавните дебати со капацитет да влијае врз процесите на креирање политики и донесување на одлуки и дава можност на граѓанските организации да влијаат на процесите на реформи во јавниот сектор преку вршење на анализи, мониторинг и застапување. Проектот во себе ги инкорпорира приоритетите од националната Стратегија за развој на културата 2018-2022 во делот за развој на креативната економија, мапирање на расположивите и потенцијалните ресурси за културни и креативни индустрии на национално, локално и урбано ниво преку анализа на постојната инфраструктура, идентификација на проблемите, позитивните капацитети и развојните трендови, како  и давање насоки за иден развој на креативната економија на ниво на Општина Струмица.

Главни активности на проектот: 

  • Спроведување на емпириско истражување за потребите на креативниот сектор кој придонесува за развој на креативната економија на локално ниво
  • Спроведување на мониторинг на усвоената Стратегија за култура 2017-2022 година на општина Струмица во делот на развојот на креативната економија и преземените активности и мерки од нивна страна за создавање на услови за развој на истата
  • Креирање на план со идни мерки и чекори за подобрување на локалните стратешки документи за овој сектор и иницирање на потребите за развој на нов локален стратешки документ за развој на креативната економија и креативни индустрии
  • Организирање на јавна трибина за развојот на креативната економија во Струмица помеѓу институционални и вонинституционални актери 
Share it on