Тел. : +389 70 453 573

Премиера на претставата Викторија

Викторија
-или да погледнеш во грозното лице на вистината-
„Ќе ја чуете целата вистина, колку и да ви е непријатна…
Вистината често е зла, грозна таа има сила да одвраќа од себе.”
Токму тој обид да бидеш блиску до вистината, е енергичното јадро, основната тема на нашата претстава која треба да нé енергетизира, да го предодреди нашиот театарски јазик, да го создаде воздухот на претставата. Блискоста до вистината, обидот да се биде во неа, секогаш претпоставува натчовечки напор. Митот за Икар најдобро го доловува тој стремеж. Викторија е всушност женски Икар којшто се труди да биде блиску до сонцето, но нејзините восочни крилја не додржуваат и се топат од неговите немилосрдни, жестоки зраци и Викторија се струполува во сопствената пепел од изгорени мечти и надежи… Тогаш на човека не му останува ништо друго освен од пепелта да роди нова смисла во животот после смртта: “Ако не на овој свет можеби ќе ме сакаш на другиот… мамо имам потреба од твоjaта љубов” – вели Викторија. Ова се буквално последните зборви во пиесата, зборови кои што откриваат една вечна и сепозната вистина дека првата и последната –ЕДИНСТВЕНАТА потреба на човекот е потребата да биде љубен, а тоа претпоставува да се прости, да се биде разбран од другиот.

Режија – Дејан Ангелов
Текст на Јордан Славејков
Актерка – Мирна Трпкова
Плакат и дизајн – Никола Пијанманов