Учителот и неговите ученици

Во чест на седумдесет и седмата годишнина од раѓањето на еден од најважните македонски сликари, Владимир Георгиевски, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се реализираше заедничка изложба на дела на Георгиевски и на шест негови поранешни ученици, а сега активни творци во областа на визуелните уметности: Никола Пијанманов, Наташа Милованчев, Наташа Божарова, Марија Панчевска Маринчиќ, Ана Андроска и Марина Убавкова.

Изложбата го истражува влијанието што учителот го втиснал во творештвото на неговите ученици, како и особеностите што учениците ги развиле независно, во текот на нивниот творечки век. Двонасочната размена на лични убедувања, ставови и однос кон вештините на занаетот ќе биде прикажана преку сопоставување на делата на Георгиевски со делата на останатите учесници. Ваквата размена отсекогаш била призма низ која најјасно се воочува суштината на односот помеѓу учителот и неговите ученици. Или, со зборовите на Владимир Георгиевски: „Света задача на учителот е да му помогне на ученикот да допатува до себеси, до својата личност, до своето Духовно Царство. На тој пат, учителот не му го придржува или поткрева крстот на ученикот што самиот го одбрал. Не! Тој му помага да ја прифати неговата земна и небесна тежина. Само низ таа магија на воспитувањето, ученикот ќе го насети сопственото воскресение.

Учителот не суди и не обвинува; не пророкува; тој со своето битие бдее над својот ученик и над неговата личност…“

За Никола Пијанманов, кураротот на оваа изложба и еден од нејзините учесници, изложбата претставува „еден вид мини ретроспектива на творештвото на професорот Георгиевски со дела создадени во различни медиуми, но овој пат распоредени во една синтеза и компарација со влијанијата што ги изврши неговата уметност директно или индиректно врз неколку генерации ликовни уметници во земјата. За изложбата бирани се дела од творештвата на уметниците, кои барем во еден извесен период во своите творечки фази престојувале во ателјето на Владимир Георгиевски и биле инспирирани од естетиката и философијата на неговите дела.“

   

Изложбата, прикажа триесетина слики, цртежи и релјефи и финансиски е беше поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а реализирана во соработка со Младинскиот културен центар во Скопје.

 

Струмица како културно-историска дестинација

Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен од јануари до септември оваа година ќе го имплементира проектот „Струмица како културно-историска дестинација“. 

Со овој проект ќе се обидеме да го искористиме и ставиме во функција културно-историскиот капитал и да дадеме мал придонес во унапредувањето на локалната економија и тоа преку креирање на интернет апликација која во себе ќе ги инкорпорира различните настани, развиени туристички патеки направени од стручни лица, туристички атракции, активни занаетчии и галерии на уметници, културни манифестации и фестивали, активности и места за разгледување во градот Струмица и околината од една страна, и да ја збогатиме туристичката понуда на општина Струмица искористувајќи го богатотот културно-историското наследство преку креирање на туристички патеки.

Општата цел на проектот е унапредување на континеталниот туризмот во општина Струмица со цел да воспостави социјален, економски и територијален одржлив развој на општината со акцент за развој и унапредување на културниот туризам. Додека конкретни цели на проектот се: Да се поттикне економско зајакнување кај најмалку 50 претставници со рамноправна родова застапеност кај младите, занаетчии и уметници преку нивно активно вклучување во креирање и промоција на културната туристичка понуда на општина Струмица и да се збогати туристичката понуда на општина Струмица преку искористување на културно-историското наследство на општината преку креирање на туристички патеки и соодветна нивна промоција на систематизирана веб апликација и туристички водич.

Активностите во проектот ќе бидат насочени кон подобрување на постоечката туристичка понуда и подигнување на квалитетот на промоцијата на туризмот на Општина Струмица со помош на информатичките и комуникациски технологии (ICT), развој на туристички патеки преку пристапни патеки до локалитетите, маркирање и поставување на ифнормативни табли на самите локалитети со што придонесуваме кон исполнување на еден од приоритетите на општината а тоа развој на алтернативен туризам преку искористување и промоција на културно-историското наследство, природни убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда, јакнење на капацитети од областа на културниот туризам.

Во рамките на проектот се направи туристичка платформа https://discoverstrumicacity.mk која има за цел да го промовира културниот капатал на општина Струмица со цел да се збогати туристичката промоција на општината. Од платформата може да се данлодира и изработениот туристики водич за општина Струмица.

Фотогалерија од реализирани активности на проектот:

 

Овој проект финансиски е поддржан од Европската Унија преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) спроведувана од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

     

                                                 

 

 

 

Зајакнување на независниот културен сектор за подобар социо-културен развој на општина Струмица

„Зајакнување на независниот културен сектор за подобар социо-културен развој на општина Струмица“ е проект регрантиран преку проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница Штип, Институт за развој на заедницата, Центар за одржлив развој Алка и се реализира во периодот од 15.10.2018 – 15.04.2019 година.

Целта на проектот е да ја зајакне видливоста и да ја унапреди положбата на независниот културен сектор на локално ниво и да создаде услови за негова долгорочна самоодржливост.

Главни активности на проектот се: Квантитативно истражување за испитување на карактеристиките на организациите кои припаѓаат на независната културна сцена во Струмица; Креирање на коалиција за вмрежување на независнста културна сцена преку организирање на работилници за вмрежување со цел заедничка идна соработка; Организирање на јавна трибина за културните аспекти во општина Струмица; Организирање на предавање за воспоставување на иновативни модели на јавно-цивилно партнерство на локално ниво во сферата на културата; Обука за застапување и лобирање наменета за претставници од независниот културен сектор.

  

 

Гордана Хаџи Николова Малешев добитник на наградата Владимир Георгиевски во рамките на ликовниот проект „Жената како модел во ликовната уметност“

Во рамките на проектот „Родовата димензија во културата“ финансиски поддржан од Општина Струмица преку програмата Г1, на 5 Октомври се отвори изложбата „Женскиот модел во ликовната уметноста“. На изложбата се претставени повеќе дела од различни современи автори од ликовната уметност: Атанас Мучев, Спасе Куновски, Бранко Кончалиев, Момчило Петровски Момо, Стојан Пачов, Владимир Лукаш, Зоран Кардула, Дамјан Ѓуров, Ване Костуранов, Ниче Василев, Гергана Ѕингарова, Верица Арапова, Славица Милева, Вангел Срнаков, Тони Попов, Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Гордана Хаџи Николова Малашев, Никола Пијанманов, Мирјана Крстева Масети и Љупка Галацка Василев. 

Во рамките на ликовниот проект „Жената како модел во ликовната уметност“ по втор пат се доделува наградата златен лист, посветена на великанот на македонското сликарство Владимир Георгиевски. Наградата Владимир Георгиевски оваа година отиде во рацете на авторката Гордана Хаџи Николова Малашев за склуптурата реализирана во дрво „Девојката од друга планета“, со димензии 120 x 30 x 30 см. Склуптурата на Гордана Хаџи Николова Малашев исклесена во дрво, е дело со моќна и убедлива стилизација која потсетува на експресивната искреност и магиска моќ од примитивните прасклуптури. Тотемска склуптура исклесена во стебло. налик на склуптурите кои Гоген ги работеше во својот егзил на Тахитите, каде бегајќи од лицемерната цивилизација и западниот канон, тој целосно се посвети на домородната уметност на автентичните народни творештва. Главните атрибут се позлатени со што се истакнува нивното магиско дејство.

Наградата Владимир Георгиевски се состои од паричен излоз од 30.000 денари и статуетка златен лист.

                                                                                                       

 

Родовата димензија во културното и уметничко творештво во општина Струмица

Преку програмата Г1 на Општина Струмица се спроведе проектот„Родова димензија во културното и уметничко творештво во општина Струмица“.

Односот на културата и родовата рамноправност е мултидемензионален поради тоа што културата е поле која овозможува рамноправност во творештвото и исполнување на креативниот потенцијал и кај жените и кај мажите, но културата е и силна алатка за промоција на родовата рамноправност како универзален општествен принцип.

Овој проект придонесува кон подобрување на родовата рамноправност на општинско ниво преку вршење на истражување за родовата рамноправност во културните јавни институции, организирање на јавни дискусии за родовите аскпекти во уметничкото творештво и родовата застапеност и афирмација на родовите аспекти во културата преку организирање на изложба со родов предзнак и стимулирање на книжевното творештво на општинско ниво преку организирање на книжевни настани.

Основна цел на проектот е да ја согледа половата/родова димензија во рамките на културниот простор на ниво на општина Струмица со конкретна цел да се афирмираат родовите аспекти во културата преку организирање на културни настани со родов предзнак. За успешноста на проектот предвидени се следните активности: Истражување на половата/родова структура на вработените во јавните културни институции на локално ниво преку квантитативна и квалитативна анализа, oрганизирање на јавна трибина за презентирање на добиените резултати и за дискутирање на можностите за родовата еднаквост во културните институции и афирмирање на родовите аспекти во културата преку организирање на изложба со родов предзнак и стимулирање на книжевното творештво на општинско ниво преку организирање на книжевни настани.                                                                   

                                                                    

 

                                                                                       

Развој на креативна економија во општина Струмица

Проектот „Развој на креативната економија во општина Струмица“, е грантиран и се имплементира во рамките на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Преда Плус и Arbeiter-Samariter-Bund. 

Проектот „ Развој на креативната економија во општина Струмица“ има за цел да поттикне дијалог меѓу институционални и вон-институционални локални актери и да придонесе кон развој на подинамично граѓанско општество кое активно учествува во јавните дебати со капацитет да влијае врз процесите на креирање политики и донесување на одлуки и дава можност на граѓанските организации да влијаат на процесите на реформи во јавниот сектор преку вршење на анализи, мониторинг и застапување. Проектот во себе ги инкорпорира приоритетите од националната Стратегија за развој на културата 2018-2022 во делот за развој на креативната економија, мапирање на расположивите и потенцијалните ресурси за културни и креативни индустрии на национално, локално и урбано ниво преку анализа на постојната инфраструктура, идентификација на проблемите, позитивните капацитети и развојните трендови, како  и давање насоки за иден развој на креативната економија на ниво на Општина Струмица.

Главни активности на проектот: 

Спроведување на емпириско истражување за потребите на креативниот сектор кој придонесува за развој на креативната економија на локално ниво

Спроведување на мониторинг на усвоената Стратегија за култура 2017-2022 година на општина Струмица во делот на развојот на креативната економија и преземените активности и мерки од нивна страна за создавање на услови за развој на истата

Креирање на план со идни мерки и чекори за подобрување на локалните стратешки документи за овој сектор и иницирање на потребите за развој на нов локален стратешки документ за развој на креативната економија и креативни индустрии

Организирање на јавна трибина за развојот на креативната економија во Струмица помеѓу институционални и вонинституционални актери 

                       

                                              Фотографии од Церемонијата за доделување на грантови 31.01.2018

 

 

 

Подкатегории

December 2019
M T W T F S S
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31