Тел. : +389 70 453 573

Илуминациите и нивната примена во издаваштвото

  • April 17, 2016 at 10:46 am
  • Completed

Во рамките на фестивалот за креативни индустрии СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2016 – „Поврзи ме со креативност“ што ќе се одржи во периодот 10-12.06.2016 на местото ПЛАЈА ВИСТА – Скопје, уметникот Никола Пијаманов ќе одржи работилница и презентација на старата одамна заборавена техника на илуминирање на книгите која може да најде современа примена во издаваштвото. Учеството на фестивалот е поддржано преку програмата на Конгресен Центар Александар Македонски кои се организатори на овој фестивал. 

Во рамките на проектот беа изработени околу дваесетина цртежи со илуминации кои беа изложени на фестивалот Скопје Креатива кој се одржа во Скопје од 10.06 – 12.06 2016 година. Публиката и културните работници беа запознаени со оваа дисциплина и можностите што таа ги нуди во областа на издаваштвото.

Share it on