Проектот „Пекарскиот занает како дел од нематеријалното културно наследство – приказна за лебот“ е истражувачки, информативен и едукативен проект чија цел е да ја прикаже и објасни улогата на лебот во нашето секојдневно живеење како дел од културното наследство на македонскиот народ и неговиот идентитет.
Долгорочна цел на проектот е:
- да се зачува дел од нематеријалното културно наследство кое е поврзано со зачувување на пекарскиот занает и значењето на лебот во обредната пракса на луѓето во Струмица и струмичко.
Краткорочна цел на проектот е:
- да се запознае јавноста за вредноста на лебот како дел од кулинарската традиција на македонскиот народ преку проучување на неговото симболично значење.
Проектот е поддржан од годишната програма на Министерството за Култура на Р.Македонија