Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен од јануари до септември оваа година ќе го имплементира проектот „Струмица како културно-историска дестинација“.
Со овој проект ќе се обидеме да го искористиме и ставиме во функција културно-историскиот капитал и да дадеме мал придонес во унапредувањето на локалната економија и тоа преку креирање на интернет апликација која во себе ќе ги инкорпорира различните настани, развиени туристички патеки направени од стручни лица, туристички атракции, активни занаетчии и галерии на уметници, културни манифестации и фестивали, активности и места за разгледување во градот Струмица и околината од една страна, и да ја збогатиме туристичката понуда на општина Струмица искористувајќи го богатотот културно-историското наследство преку креирање на туристички патеки.
Општата цел на проектот е унапредување на континеталниот туризмот во општина Струмица со цел да воспостави социјален, економски и територијален одржлив развој на општината со акцент за развој и унапредување на културниот туризам. Додека конкретни цели на проектот се: Да се поттикне економско зајакнување кај најмалку 50 претставници со рамноправна родова застапеност кај младите, занаетчии и уметници преку нивно активно вклучување во креирање и промоција на културната туристичка понуда на општина Струмица и да се збогати туристичката понуда на општина Струмица преку искористување на културно-историското наследство на општината преку креирање на туристички патеки и соодветна нивна промоција на систематизирана веб апликација и туристички водич.
Активностите во проектот ќе бидат насочени кон подобрување на постоечката туристичка понуда и подигнување на квалитетот на промоцијата на туризмот на Општина Струмица со помош на информатичките и комуникациски технологии (ICT), развој на туристички патеки преку пристапни патеки до локалитетите, маркирање и поставување на ифнормативни табли на самите локалитети со што придонесуваме кон исполнување на еден од приоритетите на општината а тоа развој на алтернативен туризам преку искористување и промоција на културно-историското наследство, природни убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда, јакнење на капацитети од областа на културниот туризам.
Во рамките на проектот се направи туристичка платформа https://discoverstrumicacity.mk која има за цел да го промовира културниот капатал на општина Струмица со цел да се збогати туристичката промоција на општината. Од платформата може да се данлодира и изработениот туристики водич за општина Струмица.
Фотогалерија од реализирани активности на проектот:
Овој проект финансиски е поддржан од Европската Унија преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) спроведувана од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).