Најава за проект: DigiCBCTourism – RH2TF
Проектот DigiCBCTourism – RH2TF, финансиран во рамки на Програмата Interreg, има за цел да придонесе кон интегриран и инклузивен локален развој преку унапредување на одржливиот туризам и заштитата на културното наследство.
Проектот се фокусира на справување со заедничките предизвици во прекуграничниот регион, како што се негативните демографски трендови, економските нееднаквости, ограничените можности за вработување, недоволната дигитална трансформација и недоволно развиената туристичка инфраструктура.
Преку иновативен пристап, DigiCBCTourism ќе развие напредна GIS дигитална платформа (TechHeritage), која ќе овозможи мапирање, управување и промоција на културното наследство. Дополнително, проектот ќе вклучи изработка на 3D модели, виртуелни тури, виртуелен музеј, како и креирање на културни рути за дигитални номади и уметници.
Со овие активности, проектот има за цел да:
👉го зголеми туристичкиот интерес и посетеност за најмалку 20%;
👉ја зајакне локалната економија;
ги унапреди дигиталните вештини кај населението;
👉поттикне вработување и задржување на младите;
👉ја подобри прекуграничната соработка и поврзаност.
DigiCBCTourism претставува современ и одржлив модел кој ги комбинира културното наследство и дигиталната трансформација, со цел создавање долгорочни придобивки за локалните заедници и регионот во целина.