Тел. : +389 70 453 573

MUSEINNO Project

  • November 1, 2025 at 12:00 am
  • Ongoing
Facebook Eventbrite

Музеите денес и предизвиците со кои се соочуваат малите институции на меморијата – неопходни дигитални трансформации за постигнување одржлив развој

Наслов на проектот на англиски јазик:
MUSEums today and the challenges facing small INstitutioNs Of memory – digital transformations needed to achievE sUstainable development

Програма за финансирање:
Erasmus+ | Партнерства за соработка во областа на образованието на возрасни (KA220-ADU)

Број на проектот:
2025-1-BG01-KA220-ADU-000357498

Период на реализација:
ноември 2025 – октомври 2027 година

Партнери:
Здружение „Светлина за Белоградчик“ – координатор (Белоградчик, Бугарија),
Здружение за култура и развој на креативните индустрии „Култ Транзен“
(Струмица, Северна Македонија),
TOC – Асоцијација за развој на одржливи заедници (Зајечар, Србија);
Блек АјТи ЕООД (Белоградчик, Бугарија)

Веб-страница: https://museinno.com/

Социјални мрежи:

  • Facebook: https://www.facebook.com/MUSEINNO.project/
  • LinkedIn: https://www.linkedin.com/in/museinno-project/
  • Instagram: https://www.instagram.com/museinno/

  • За проектот

    MUSEINNO е проект за соработка во областа на образованието на возрасни,
    кој се реализира во рамките на програмата Erasmus+ и обединува организации од
    Бугарија, Северна Македонија и Србија.

    Проектот е насочен кон поддршка на
    дигиталната трансформација на малите музеи и другите институции на меморијата,
    со цел развој на нивните дигитални капацитети, подобрување на зачувувањето и
    претставувањето на културното наследство и создавање нови начини за комуникација со публиката.

    MUSEINNO ги поврзува областите на
    културното наследство, дигиталните технологии, образованието и маркетингот,
    со посебен акцент на практични и одржливи решенија кои можат да се применуваат
    во работата на малите музеи и културните организации.

    Преку меѓународна соработка, обуки и развој на практични дигитални решенија,
    проектот има за цел да придонесе кон долгорочно зајакнување на капацитетите на
    малите музеи и другите културни организации за зачувување, претставување и
    промовирање на културното наследство во дигитална средина.

    Активности на проектот

    • истражување и развој на стандарди и модели за дигитализација на културното наследство;
    • развој и тестирање на дигитална платформа за музеи;
    • дигитализација на музејски збирки и создавање дигитални содржини;
    • развој на аудио водичи и виртуелни изложби;
    • развој на прирачник за брендирање и дигитален маркетинг во музеите;
    • организирање практични обуки за професионалци од културниот сектор;
    • развој на видео и други ресурси за електронско учење;
    • меѓународна соработка и размена на искуства и добри практики;
    • промовирање и дисеминација на резултатите од проектот и вклучување на заедницата.

    Проект бр. 2025-1-BG01-KA220-ADU-000357498
    Кофинансиран од Европската Унија.
    Изразените ставови и мислења се исклучиво на авторот/авторите и не ги одразуваат нужно ставовите и мислењата на Европската Унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту органот што го доделува финансирањето не можат да бидат одговорни за нив.

    Share it on