Тел. : +389 70 453 573

Промоција на книгата „Буники“ од Далибор Плечиќ

На 13.4.2022 год. во Europe House ‒ Струмица се одржа промоцијата на збирката раскази
„Буники“ од Далибор Плечиќ.
Промотор на настанот беше писателката и преведувач Јулијана Величковска.
Збирката содржи пет раскази: „Буники (приказни во аорист)“, „Пријателството нема цена“, „Проѕевање“, „Стапало“ и „Јазикот на кошарката“.
Издавач на книгата е ПНВ Публикации, а изданието е поддржано од Здружението за култура и развој на креативни индустрии Транзен од Струмица.
Фотографиите во галерија се од Столе Ангелов.

ДАЛИБОР ПЛЕЧИЌ е книжевен критичар, писател и преведувач. Дипломирал Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и има посетувано мастер студии по Библиотекарство и информатика на универзитетот во Белград. Пишува книжевни критики за „Букса“ (Booksa) од Загреб,„Бетон“(Beton) од Белгради за списанието „Литерари ривју“ (The Literary Review) од Њу Џерси, САД. Престојувал на неколку резиденцијални програми, како што е Резиденцијален уметник во Ку-21/Музејскиот кварт во Виена (Q21/MuseumsQuartier) и Резиденцијален уметник во рамките на програмата на Традуки во Софија. Претежно пишува проза, но има објавувано и песни со кои настапувал на фестивали за перформативна поезија во: Белград, Виена, Ротердам, Братислава, Грац и др. Има преведено книги од: англиски, српски, хрватски и бугарски на македонски јазик, како и од македонски и од бугарски на српски.