Музеите денес и предизвиците со кои се соочуваат малите институции на меморијата – неопходни дигитални трансформации за постигнување одржлив развој
Наслов на проектот на англиски јазик:
MUSEums today and the challenges facing small INstitutioNs Of memory – digital transformations needed to achievE sUstainable development
Програма за финансирање:
Erasmus+ | Партнерства за соработка во областа на образованието на возрасни (KA220-ADU)
Број на проектот:
2025-1-BG01-KA220-ADU-000357498
Период на реализација:
ноември 2025 – октомври 2027 година
Партнери:
Здружение „Светлина за Белоградчик“ – координатор (Белоградчик, Бугарија),
Здружение за култура и развој на креативните индустрии „Култ Транзен“
(Струмица, Северна Македонија),
TOC – Асоцијација за развој на одржливи заедници (Зајечар, Србија);
Блек АјТи ЕООД (Белоградчик, Бугарија)
Веб-страница: https://museinno.com/
Социјални мрежи:
За проектот
MUSEINNO е проект за соработка во областа на образованието на возрасни,
кој се реализира во рамките на програмата Erasmus+ и обединува организации од
Бугарија, Северна Македонија и Србија.
Проектот е насочен кон поддршка на
дигиталната трансформација на малите музеи и другите институции на меморијата,
со цел развој на нивните дигитални капацитети, подобрување на зачувувањето и
претставувањето на културното наследство и создавање нови начини за комуникација со публиката.
MUSEINNO ги поврзува областите на
културното наследство, дигиталните технологии, образованието и маркетингот,
со посебен акцент на практични и одржливи решенија кои можат да се применуваат
во работата на малите музеи и културните организации.
Преку меѓународна соработка, обуки и развој на практични дигитални решенија,
проектот има за цел да придонесе кон долгорочно зајакнување на капацитетите на
малите музеи и другите културни организации за зачувување, претставување и
промовирање на културното наследство во дигитална средина.
Активности на проектот
- истражување и развој на стандарди и модели за дигитализација на културното наследство;
- развој и тестирање на дигитална платформа за музеи;
- дигитализација на музејски збирки и создавање дигитални содржини;
- развој на аудио водичи и виртуелни изложби;
- развој на прирачник за брендирање и дигитален маркетинг во музеите;
- организирање практични обуки за професионалци од културниот сектор;
- развој на видео и други ресурси за електронско учење;
- меѓународна соработка и размена на искуства и добри практики;
- промовирање и дисеминација на резултатите од проектот и вклучување на заедницата.
Проект бр. 2025-1-BG01-KA220-ADU-000357498
Кофинансиран од Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се исклучиво на авторот/авторите и не ги одразуваат нужно ставовите и мислењата на Европската Унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту органот што го доделува финансирањето не можат да бидат одговорни за нив.