Тел. : +389 70 453 573

Книжевна вечер со Фросина Пармакоска

  • September 5, 2017 at 12:15 pm
  • Completed

Во вторник на 12 ти септември со почеток во 20 00 часот во клубот Salt & Pepper во Струмица, се одржа средба со современата македонска писателка Фросина Пармаковска. На средбата ќе може да се дискутира, разговара, дебатира со авторката за нејзиното творештво, нејзините книжевни интересирања, за начините на кои ракописот стигнува до читателот, дали македонскио роман е во продуктивен и квалитетен подем како никогаш до сега, дали можеби прозната продукција во Македонија не знае за централизираност на општеството или е во согласност со неа, и за сето она што публиката во Струмица ја интересира. 


Пармаковска е припадник на новата на македонски писател(к)и и поети кои ги вратија читателите пред редовите на проза на македонски јазик.
Дипломирала на Филолошкиот факултет, на катедрата по општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Институтот за македонска литература на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонски роман“. Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 година го објави првиот роман „Пишувајќи ги изгубените топки“. Нејзиниот втор роман „Вишнова хроника“ влезе во финалето за наградата Роман на годината на „Утрински весник“. „Одбројување“е нејзиниот трет роман.

Разговорот со Фросина Пармаковска ќе го води Далибор Плечиќ.

Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 11-17 септември 2017 низ Република Македонија.


Share it on