Тел. : +389 70 453 573

Конкурс за наградна фотографија – Природни и културни убавини на општина Босилово

  • February 2, 2018 at 1:23 pm
  • Completed

Конкурсот е во рамките на проектот – Природно-културни убавини на општина Босилово, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културното наследство 2018.

Право на конкурсот имаат сите фотографи и уметници кои се занимаваат со фотографија од Р. Македонија. Темата е “Природните и културни убавини на општина Босилово”, изразот и стилот на фотографијата е слободен и авторски. Од пристигнатите фотографии ќе биде реализирана изложба и ќе бидат доделени три награди:

Прва награда за најдобра фотографија во износ од 18 000 денари

Втора награда во износ од 12 000 денари и

Трета награда во износ од 6000 денари.

Фотографиите (во голема резолуција) се испраќаат најкасно до 15 март 2018 год. на емаил адресата kult.tranzen@gmail.com.

Share it on