Тел. : +389 70 453 573

Рудници на културата

  • March 24, 2015 at 1:47 pm
  • Completed

Партнерски проект со Лабин Арт Експрес од Хрватска

Од 20.03 до 22.03.2015 година во просториите на КУЦ „Лампарна“ од Хрватска се одржа првиот состанок на партнерските организации од БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Србија и Црна Гора кои се активни учесници во платформата „Рудници на културата“, на состанокот беше разговарено за идното дејствување на целата платформа но и за понатамошните активности на секој партнер поединечно.

Од 22.04 до 24.04.2015 година во посета на Македонија беа претставници од невладината организација „Лампарна“ од Хрватска за споведување на активностите предвидени со проектот „Рудници на културата“. За време на оваа посета беа направени серија разговори и интервјуа со стари рудари и луѓе кои досега имаат направено неколку истражувања за старото рударење во Кратовско – Злетовската област, детална посета на стариот рударски град Кратово и посета на новиот рударски град Пробиштип како една од најпознатите рударски општини во Македонија, исто така за време на посетата се направи и мапирање на старите наоѓалишта, окна, јаловишта во овој регион.

Од 03.09 -07.09.2015 година патувачката изложба „Рудници на култура“ – од индустриска до уметничка револуција“ беше поставена во просториите на Завод и Музеј Струмица во Струмица.

Групната изложба „Рудници на култура – од индустриска до уметничка револуција“ настана во рамките на меѓународниот мултидисциплинарен проект „Рудници на културата“ чиј иницијатор и носител е организацијата Лабин Арт Експрес XXI (Лабин, Хрватска). Селекторот Branko Franceschi во изборот на своите дела ја преиспитува промената во однос на уметничката пракса и општествените елементи од историската авангарда кои иницирале излегување на уметноста од областа на производство на чиста естетска форма во секојдевниот живот и нејзината реализација во областа на политичката и општествената одговорност до современиот момент во кој критичкото размислување за реалното станал база на уметничко создавање.

Целта на проектот „Рудници на култура“ е да воспостави платформа за ревалоризација, заштита и ревитализација на значајното рударско културно наследство во државите кои настанаа на подрачјето на поранешна Југославија. Рударството во поранешна Југославија не само што било генератор на општествениот развој туку едно од ретките области каде традиционалната поврзаност и солидарноста се негови најбитни актери – рударите подоцна се судруваат со националните и новодржавни поделби и судири.


Учесници


1.Аутопсија (Србија) – Челична книга – метален објект
2.Лајбах (Словенија) – Инструменталност на државниот апарат – триптих
3.Метал Гуру (Хрватска) – Споменик на херојот 21 век – видео перформанс
4.Дарио Шолман (Хрватска) – Ѕвезден град – видео и цртежи
5.Желимир Жилник (Србија) – Стара капиталистичка доктрина – документарен филм
6.Владимир Кнежевиќ (Босна и Херцеговина) – Крал и кралица – метална скулптура
7.Младен Милјановиќ (Босна и Херцеговина) – „Коза Ностра“/“Наша работа“ – видео перформанс
8.Ирена Лагатор Пејовиќ (Црна Гора) – Равенство – инсталација
9. Никола Пијанманов -гостин уметник (Македонија) – Закован прозорец – (комбинирана техника на дрво)

Share it on