Тел. : +389 70 453 573

Гордана Хаџи Николова Малашев добитник на наградата Владимир Георгиевски во рамките на ликовниот проект „Жената како модел во ликовната уметност“

  • October 6, 2018 at 12:00 am
  • Completed

Во рамките на проектот „Родовата димензија во културата“ финансиски поддржан од Општина Струмица преку програмата Г1, на 5 Октомври се отвори изложбата „Женскиот модел во ликовната уметноста“. На изложбата се претставени повеќе дела од различни современи автори од ликовната уметност: Атанас Мучев, Спасе Куновски, Бранко Кончалиев, Момчило Петровски Момо, Стојан Пачов, Владимир Лукаш, Зоран Кардула, Дамјан Ѓуров, Ване Костуранов, Ниче Василев, Гергана Ѕингарова, Верица Арапова, Славица Милева, Вангел Срнаков, Тони Попов, Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Гордана Хаџи Николова Малашев, Никола Пијанманов, Мирјана Крстева Масети и Љупка Галацка Василев. 

Во рамките на ликовниот проект „Жената како модел во ликовната уметност“ по втор пат се доделува наградата златен лист, посветена на великанот на македонското сликарство Владимир Георгиевски. Наградата Владимир Георгиевски оваа година отиде во рацете на авторката Гордана Хаџи Николова Малашев за склуптурата реализирана во дрво „Девојката од друга планета“, со димензии 120 x 30 x 30 см. Склуптурата на Гордана Хаџи Николова Малашев исклесена во дрво, е дело со моќна и убедлива стилизација која потсетува на експресивната искреност и магиска моќ од примитивните прасклуптури. Тотемска склуптура исклесена во стебло. налик на склуптурите кои Гоген ги работеше во својот егзил на Тахитите, каде бегајќи од лицемерната цивилизација и западниот канон, тој целосно се посвети на домородната уметност на автентичните народни творештва. Главните атрибут се позлатени со што се истакнува нивното магиско дејство.

Наградата Владимир Георгиевски се состои од паричен излоз од 30.000 денари и статуетка златен лист.

Share it on