Тел. : +389 70 453 573

Конкурс за уметници – Несовршен простор

  • August 16, 2017 at 12:51 pm
  • Completed

Здружението за култура Транзен ги повикува сите сликари (ликовни уметници) кои активно и континуирано се занимаваат со ликовното творештво и сликарската уметност и кои имаат изградено авторски однос кон естетиката и ликовниот израз, да се пријават на повикот за учество во групната изложба “Несовршен простор” на која ќе биде награден еден сликар и откупено едно ликовно дело.

Целта на проектот е да ги мотивира и промовира активните сликари кои создаваат автентично творештво во време кога сликарството се истиснува на маргините од сцената, од вакуумот на новите медиуми и услови на брзо и евтино продуцирање визуелни производи. Основната цел е да се награди сликарот кој во своето ателје посветено создава едно сликарско дело, циклус или сликарски концепт, пркосејќи му на брзиот начин на модерното постоење. “Несовршениот простор” е вечната болка на сликата, одделена од ателјето, од матицата на уметникот. Бездомно совршено дело кое лута низ несовршениот свет на претставувањето.Чудниот спој на несинхронизирани простори, вештачки светла и самотија, молк околу сликите се фантасмагорични феномени на кои навикнавме во изложувањето. Како во надреални соништа. Постои ли совршен простор за уметничкото дело?
Техниката на сликите е слободна и по избор на авторот, темата и изразот се авторски и слободни, а форматот на делата се ограничува до 100 см x 80 см. Изложбата ќе биде селективна и курирана од стручна комисија. Исто и наградената слика. Изложбата ќе биде реализирана во Струмица, октомври 2017 година, документирана со каталог во боја. Апликациите ќе се примаат најкасно до 1 септември 2017. Во приложените конкурсни материјали покрај квалитетна фотографија од делото, со наслов, димензии, техника и краток концепт, треба да биде доставена и биографија, и веб (или фб,инстаграм) страница од творештвото на авторот. Селектираните дела ќе бидат позајмени за реализација на изложбата и потоа вратени кај уметниците.
Откупната награда е во рамките на проектот „Струмица креативен град“ финансиски поддржан од програмата Г1 на општина Струмица. Наградата изнесува 30 000 денари и Златен лист (симболична креација од месинг.) Откупеното дело останува во сопственост на општина Струмица.
Контакти и адреса за апликациите: 
kult.tranzen@gmail.com

Share it on