Тел. : +389 70 453 573

Родовата димензија во културното и уметничко творештво во општина Струмица

  • May 11, 2018 at 12:00 am
  • Completed

Преку програмата Г1 на Општина Струмица се спроведе проектот„Родова димензија во културното и уметничко творештво во општина Струмица“.

Односот на културата и родовата рамноправност е мултидемензионален поради тоа што културата е поле која овозможува рамноправност во творештвото и исполнување на креативниот потенцијал и кај жените и кај мажите, но културата е и силна алатка за промоција на родовата рамноправност како универзален општествен принцип.

Овој проект придонесува кон подобрување на родовата рамноправност на општинско ниво преку вршење на истражување за родовата рамноправност во културните јавни институции, организирање на јавни дискусии за родовите аскпекти во уметничкото творештво и родовата застапеност и афирмација на родовите аспекти во културата преку организирање на изложба со родов предзнак и стимулирање на книжевното творештво на општинско ниво преку организирање на книжевни настани.

Основна цел на проектот е да ја согледа половата/родова димензија во рамките на културниот простор на ниво на општина Струмица со конкретна цел да се афирмираат родовите аспекти во културата преку организирање на културни настани со родов предзнак. За успешноста на проектот предвидени се следните активности: Истражување на половата/родова структура на вработените во јавните културни институции на локално ниво преку квантитативна и квалитативна анализа, oрганизирање на јавна трибина за презентирање на добиените резултати и за дискутирање на можностите за родовата еднаквост во културните институции и афирмирање на родовите аспекти во културата преку организирање на изложба со родов предзнак и стимулирање на книжевното творештво на општинско ниво преку организирање на книжевни настани.     


Share it on