Тел. : +389 70 453 573

Jazzna Dares – Несебна

  • March 15, 2021 at 12:00 am
  • Completed

Убаво е кога творбите, расфрлени како џамлии на мермерен под, ќе се стркалаат и надвор од домот и ќе постанат окца низ кои се наѕируваме и наоѓаме, а нивниот ѕвон, како последен елемент кој чека сместување – кај вас, слушнете…

“Несебна” е првата заедничка песна која ја искомпониравме со Даре, која ни седи во фиока уште од летото.

Благодарение на Транзен и нивниот проект по повод уметници кои твореле за време на Ковид пандемијата, ние успеавме да ја довршиме и конечно да ѝ вдахнеме живот за достојно да се простира во нашиот етер.

Голема благодарност до сите кои ни помогнаа за Несебна да стане своја.

Јасна Трпкова (Jazzna) – вокал
Дарко Јованов – MIDI инструменти
Стефан Алексовски – пијано
Слободан Танасковски – гостин вокал
Филип Петрески – алто саксофон и Bb кларинет

Текст: Јасна Трпкова
Музика: Дарко Јованов и Јасна Трпкова
Аранжман: Дарко Јованов

Продукција, снимање, микс и мастер: Дарко Јованов
Видео: Столе Ангелов

Продукција Транзен

Share it on